Македонија
9. July 2015 - 14:50

Автоматски инвалидски колички за лица со хендикеп во Кавадарци

Четири автоматизирани инвалидски колички за лица со физички хендикеп обезбеди општина Кавадарци, со интенција бројот на вакви возила да се зголемува во иднина, согласно на потребите на лицата со инвалидитет.

- Поаѓајќи од потребите на лицата со посебни потреби од општината, а имајќи во предвид дека и за нив е добро да излезат од дома и да бидат дел од кавадаречкото секојдневие, се одлучивме на ваков чекор за да им помогнеме на овие наши сограѓани, изјави денеска кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.

Тој истакна дека локалната самоуправа континуирано води сметка за овие лица.