Автобусот го фрли 13 метри во воздух: На судењето на возачот, жртвата направи нешто невидено
Британецот кого автобус го фрли во воздух 20 метри, на судењето на обвинетиот возач, направи нешто невидено. Чик Сенгор го возел градскиот автобус во Оксфордшир, кога наместо на кочницата притиснал на гас. Тогаш автобусот со својата сила удрил во Сајмон Смит кого го отфрлил во воздух 13 метри, а секунда подоцна ја демолирал постојката на градскиот автобус. Вистинско чудо е што Смит кој паднал на земја, смирено станал и влегол во блискиот паб. Сенгор на суд изјави дека е среќен што на плочникот немало многу луѓе. Тој веќе доби условна казна од 8 месеци.
Сепак, најмногу зачуди изјавата на самиот Смит кој рече дека му е драго што возачот не отишол во затвор, зошто не го удрил намерно. Автобусот на линија 17 е тешко оштетен во несреќата што се случи на 24 јуни 2017 година. Смит помина со само неколку модрици.
Ново на Сител
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот