Македонија
23. October 2020 - 8:47

Автобусите на ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред

 Поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека истиот режим ќе важи и во сабота и во недела.

– Во петок и во недела, дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19:30 часот отворени ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и на Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот, соопштуваат од ЈСП.