Македонија
20. January 2020 - 13:40

Автобусите на ЈСП од утре ќе возат по вообичаениот зимски возен ред

 

Јавниот превоз од утре ќе сообраќа по вообичаениот зимски возен ред.

Во изминативе три недели, како што соопштуваат од ЈСП Скопје, поради ученичкиот зимски распуст, јавниот превоз беше редуциран.

Посочуваат дека од утре, автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење на јавен превоз.