Автобус удри во жена од Струга
79 годишната Нафије.М. од Струга го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа околу 21 часот се случи на магистралниот пат Ќафасан- Подмољје во близина на струшката населба Мислешевски пат.
До несреќата дошло откако жената непрописно го преминала коловозот и поради неприлагодена брзина према условите на патот со која се движел автобус „Мерцедес“ со гостиварски регистарски таблици сопственост на „Дурмо турс“ .
Од силината на ударот од автобусот стружанката починала на лице место. Инаку станува збор за една од црните точки на овој магистрален пат.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар