-->
-->
Aвтобус со патници излета од патот во Србија, има повредени
-->
Пет лица се примени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако синоќа автобус излетал од автопатот Белград-Ниш.
Едно од лицата се здобило со многу тешки повреди опасни по живот, информираат од болницата.
Како што е наведено, се работи за 20-годишна девојка која има повред на градниот кош, двете потколеници, двете стопала, левата бутна коска и повреди на главата.
Синоќа околу 23 часот автобусот излетал од патот кај селото Катун.
За сообраќајната несреќа е известено обвинителството. Сообраќајот на тој дел од автопатот е нормализиран.
Причините за несреќата засега не се познати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
