Автобус со деца од Србија се преврте на автопатот Тракија во Бугарија
Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот Тракија кај градот Стара Загора, соопштија бугарските власти. Инцидентот се случил околу 20:10 часот на 216. км во правец на Софија.
Според првичните информации 10 деца се тешко повредени. Полицијата и пожарникарите се на терен. Сообраќајот на овој дел од автопатот е ограничен за да се обезбеди зелен коридор за транспорт на повредените деца до болниците.
На местото на настанот пристигнале 5 полициски и 5 екипи на противпожарната служба, како и Итната помош, а многу патнички возачи застанале и помогнале да се извлечат повредените лица и децата од автобусот. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.
Децата од Србија се враќале од одмор на бугарското црноморско крајбрежје. Засега нема информации за загинати, но има тешко повредени, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто