Македонија
29. April 2016 - 12:56

Автобус прегази скопјанка, итно пренесена во болница

Околу 09 часот и 40 минути на улицата „Македонија“ во Скопје, во близина на крстосницата со улиците „11-ти Октомври“, се случила сообраќајна незгода во која Автобус со скопски регистерски ознаки управуван од 41-годишниот скопјанец М.Д. удрил во пешакот Е.С. (52) од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди во пределот на главата се задобил пешакот Е.С.

Таа со возило на Итна помош била пренесена во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.