Автентичното толкување за помилување утре на собраниска комисија

Автентичното толкување на чл.11 на законот за помилување, по добиеното мислење од Владата, уште утре е ставено на дневен ред на законодавно-правната комисија. Пратеници од владејачката СДСМ во петокот го поднесоа барањето со цел Собранието посредно да ги поништи помилувањата на претходниот претседател Ѓорѓе Иванов од 2016 година за обвинети и осомничени во предмети на СЈО. Имено, утре за повлекувањето на овие помилувања пак, одлучува Уставниот суд што може да ги врати во сила.
Владата на денешната седница донесе одлука да ја прифати иницијативата за автентично толкување и изготви свое мислење.
– Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во„Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни, се вели во соопштението.
Според Деловникот, законодавно-правната комисија утре по мислењето на владата може да побара и мислење од матичната комисија за политички систем. По ова, треба да донесе одлука дали да го прифати автентичното толкување или пак не. Ако го прифати, тогаш врз основа на добиените мислења, треба да изготви и предлог одлука за аветентично толкување. Потоа овој заклучок оди и на пленарна седница. До тогаш можат да се поднесуваат и амандмани.
Автентичното толкување се носи со мнозинството со кое е донесен и законот, во овој случај обично мнозинство.
Собранискиот спикер Талат Џафери вчера тврдеше авентичното толкување не може да се најде на пленарна седница пред 11 декември.
Иако владејачката СДСМ инсистира на ова барање, исходот за автентичното толкување од комисијата, и од пленарната седница засега е неизвесен поради тоа што и ДУИ и останатите партии од албанската опозиција велат дека се уште немаат конечна одлука.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
