Австриските власти планираат во Унгарија да испратат 75 војници за контрола на бегалскиот прилив

Австриските власти во октомври ќе испратат 75 војници на унгарско-српската граница за да ја засилат контролата врз приливот бегалци од земјите од Блискиот исток и Африка, изјави вчера австрискиот министер за одбрана, Ханс Петер Доскоцил, цитиран од ТАСС.
-Расте бројот на бегалци во Грција кои пристигнуваат од Турција. Италија, исто така, ќе се претовари со бегалци. Ние не треба само да стоиме и едноставно да го гледаме тоа, рече министерот за австрискиот весник „Курир“.
Од тие причини, австриското Министерство за одбрана планира да и помогне на Унгарија во зацврстување на надворешната граница на ЕУ со Србија, изјави Доскоцил, додавајќи дека таа соработка била навестена од долгите преговори со неговиот унгарски колега Иштван Шимичко.
Планот на австрискиот министер предвидува доколку владата во Виена на почетокот на следната недела го разгледа законот за воведување вонредна состојба заради бегалците и му даде зелено светло, тогаш Австрија ќе почне да ги враќа бегалците во Унгарија, а за тоа ќе и биде потребно Будимпешта да е подготвена да ги прима.
-Целта треба да е со Унгарија заедно да ги управуваме границите, додаде тој.
„Можеме да испратиме до 75 војници во Унгарија“, изјави Доскоцил.
И доколку решението биде одобрено, неговата реализиација ќе може да почне уште во октомври, посочи тој.
На 6 септември австриската Влада треба да го разгледа законот за воведување вонредна состојба поради ситуацијата со бегалците.
Ново на Сител
-

Јатрви се степале по расправија за нивните малолетни деца во гостиварско
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: Покрај големите капитални проекти, работиме и на секој детал што значи поголем ред, безбедност и урбана култура
-

Мицкоски: Низ целиот евроинтеграциски процес покажуваме конкурентност и капацитетност, но не поддржувам авантура без извесен крај
-

„Кругот на животот“ - што се крие зад емотивниот поздрав во ООУ „Његош“?
-

Тројца Македонци уапсени во Хрватска, лепеле напелници на сообраќајни знаци
-

НАСА: Поправките на лансирната рампа на проектот „Блу Ориџин“ ќе потраат
-

Уапен гостиварец осомничен за сторени повеќе кривични дела
