Австриски медал на честа на професор Милорад Јовановски
Австриската асоцијација на инженери и архитекти додели признание Голем златен медал на честа (Great Gold Medal of Honour) на проф. д-р Милорад Јовановски од Градежниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, за неговиот исклучителен научен и практичен долгогодишен придонес во развојот на инженерската геологија и геотехниката.
Доделувањето се случи на 31. минатиот месец на отварањето на VÖBU FAIR – најголемиот геотехнички саем во Виена, односно на 12-тата Австриска геотехничка конференција, посветена на „таткото” на современата механика на почви Карл Терцаги.
Признанието претставува највисока награда на Австриската асоцијација и досега е доделено само три пати. Прв пат во 1995, потоа во 2011 и оваа година го добива македонскиот професор Јовановски.
Во причините за признанието се наведува дека тоа е резултат на долгогодишната соработка меѓу Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” и Технолошкиот Универзитет од Виена. Соработката досега резултира со голем број активности помеѓу Македонија и Австрија на ниво на науката, високото образование и инженерството.
Јовановски повеќе години е активен промотор на активностите за доделување почесен докторат на науки (doctor honoris causa) и Орден на заслуги за Република Македонија на др. Ото фон Хазбург, потоа доделување на почесен докторат на науки и Медал на честа за Македонија на проф. др Хајнц Брандл, потпишување на Меморандум за соработка на помеѓу Австриската асоцијација на инженери и архитекти и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, 16-та Европска Подунавска конференција за геотехничко инженерство во јуни 2018 година во Скопје.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%

