Австриската армија времено ги прекина спасувачките операции во Турција
Австриската војска утринава времено ги суспендираше спасувачките операции во Турција, повикувајќи се на тамошната „безбедносна ситуација“ по силниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 24.000 луѓе во Турција и Сирија, јави ДПА.
- Имаше напади од одредени групи врз други групи, изјави портпаролот на австриската армија во Виена, без да даде повеќе детали.
Осумдесет и двајца војници од специјалната единица за спасување АФДРУ (Австриска единица за помош при катастрофи) се засолниле во база во турската провинција Хатај „со други меѓународни организации кои чекаат инструкции“, додаде портпаролот.
Австриски тим пристигна во вторникот со 45 тони опрема и успеа да извлече девет лица од урнатините, се вели во соопштението објавено синоќа.
Сè уште останува дека планираното враќање во Австрија е во четврток, но „ситуацијата се разгледува“, рече портпаролот.
Според последните официјални податоци, над 24 илјади лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот утрото ги погоди Турција и Сирија. Илјадници згради се урнаа од двете страни на границата, а спасувачите ги интензивираат напорите да најдат преживеани.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот