Австрија: За една недела од почетокот на учебната година заразени 90 ученици
Една недела по почетокот на новата учебна година на истокот на Австрија – Виена, Долна Австрија и Бургенланд, од вкупно околу 456.000 ученици, 90 се позитивни на новиот коронавирус.
Во случај на позитивен тест на еден ученик, цело одделение е испратено во карантин, а потоа другите ученици се тестираат дома, но мораат да останат во карантин 10 дена дури и во случај на негативен резултат.
Само во Виена се регистрирани 70 случаи на коронавирусот од почетокот на учебната година, меѓу кои 55 ученици, шест наставници и девет административни работници во училишта.
Во Долна Австрија, во изминатите седум дена, во 32 од 1.158 училишта и 1.058 градинки, беа преземени мерки за корона од надлежните органи врз основа на позитивни тестови на ученици или вработени.
Според властите, досега позитивно се тестирани 31 ученик, две деца во градинки и 10 педагози.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат