Свет
29. March 2018 - 8:37

Австрија подготвена да посредува меѓу Лондон и Москва

Австрија е подготвена да биде посредник во напорите за надминување на несогласувањата меѓу Велика Британија и Русија во врака со случајот со труењето на двојниот руски агент Сергеј Скрипал во англискиот гард Салзбери, изјави синоќа австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсел.

- Ние сме отворени за сите и ако некој не замоли за посредување, ние со задоволство сме подготвени да го сториме. Посредникот никогаш не се наметнува со своите услуги, туку го бараат другите, нагласи Кнајсел во изјава за телевизијата ОРФ2.  

Таа најави дека австрискиот канцелар Себастијан Курц на 30 јуни ќе го посети Лондон, каде ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј, што според неа, ќе биде можност да се воспостават канали за дијалог на високо ниво.

Нагласувајќи ја австриската неутралност, Кнајсел изјави дека Австрија решила да не протерува руски дипломати, затоа што во Виена е седиштето на Организацијата за безбедност и сорзботка во Европа, па еветулното ограничено дипломатско присуство на Русија „би можело да го направи целосно невозможен дијалогот на теренот на ОБСЕ, која е една од главните центри на разгледување на прашањата меѓу Истокот и Западот“.

Кнајсел додаде дека и покрај ваквата одлука, Виена од самиот старт изразила солидарност со Велика Британија и го поддржила решението на ЕУ за повлекување на амбасадорот од Русија.