Австрија почна со изградба на ограда на границата со Словенија
На австриско- словенечката граница почна изградба на речиси четири километарска ограда, која треба да помогне во усмерување на мигрантите кои доаѓаат во Австрија по т.н балканска траса, ги пренесуваат чешките весници информациите на австриските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА, оградата ќе биде долга 4,7 километри, висока 2,5 метри, а ќе бидат употребени материјали кои подоцна лесно ќе може да бидат отстранети.
Во градењето учествуваат и војниците на Австриската армија. Владата во Виена негира дека оградата е за запирање на бегалците и тврди дека ,,тоа се специјални градежни мерки" со цел да се насочи нивното движење.
Приливот на бегалци кои доаѓаат во Австрија значително се намали. Додека во првите недели од ноември доаѓаа 6.000 луѓе дневно, во првите 4 дена од декември нивниот број е помал од 9.000 луѓе и трендот на намалување се очекува да продолжи и во наредниот период.
Ново на Сител
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот