Австрија ќе даде пола милион евра за изработка на логоата на министерствата
Изработката на логоата за министерствата во Австрија, даночните обврзници ќе ги чини пола милион евра, објави австриската телевизија Плус 4.
Во соседна Германија сите министерства имаат идентично лого со различни имиња на надлежности, а во Австрија секое министерство ќе има свое посебно лого со што меѓу министерствата ќе има вистинско „шаренило“.
Најскапо лого има Министерството за финансии, кое чини 107.00 евра. Логото на министерството за жени и млади ја чини државата 28.00 евра, а МНР – 34.00 евра. Логото за Министерството за внатрешни работи ќе ја чини државата 54.00 евра.
Најевтино е логото на Министерството за социјални прашања – не чинело ништо, бидејќи, како што јави медиумот, го изработил вработен во него.
Промената на логото повлекува и промена на официјални документи, што дополнително зголемува трошоци, објави Плус 4.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?