-->
-->
Австралискиот Парламент им оддаде почит на жртвите на пожарите
-->

Австралискиот Парламент денеска им оддаде почит на жртвите на пожарите и го пофали херојството на пожарникарите.
На првиот ден од заседавањето на Парламентот, наместо воиобичаените теми, фокусот беше на пожарите кои почнаа во септември, и во кои досега загинаа 33 луѓе, уништени се 3.000 куќи, а опустошени над 10,6 милиони хектари површина.
Премиерот Скот Морисон им оддаде почит на оние кои го изгубија животот, вклучувајќи и тројца американски пилоти кои загинаа додека од хеликоптер гаснеа пожар. Морисон вети дека и покрај обемот на катастрофата, „Австралија никогаш нема да ја заборави трагедијата“.
Во моментот на седницата пред Парламентот стотина демонстранти протестираа против климатските промени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
