Австралиски држави повторно воведуваат ограничувања поради зголемување на случаи со Омикрон

Двете најнаселени австралиски држави повторно воведоа антиковид мерки, откако бројот на дневни инфекции достигна највисоко ниво поради сојот Омикрон – повеќе од 8.200.
Државата Нов Јужен Велс, дом на една третина од Австралијците, соопшти дека повторно го вовела задолжителното носење маски во затворени простории и на јавни места, додека јавните институции се обврзани да го ограничат бројот на посетители и да ги реактивираат проверките на статусот на вакцинација преку QR кодот на влез.
Државата Викторија, која има слично население, исто така се врати на носење маска, наведувајќи ја потребата да се намали притисокот врз здравствениот систем.
Проверките дојдоа два дена пред Божиќ и ги уништија плановите на владата за целосно отворање речиси две години по воведувањето на заклучувањето, бидејќи Омикрон брзо се шири низ заедницата, и покрај фактот што бројот на ревакцинирани се повеќе од 90 проценти.
Хоспитализирањата и смртните случаи останаа ниски, но „експлозијата” на инфекции создаде ризик за здравствените работници, додаваат властите.
Австралија денеска забележа рекорден број нови случаи од почетокот на пандемијата, бидејќи се регистрирани повеќе од 8.200 нови случаи. Претходниот негативен рекорд беше 5.600, еден ден претходно, најмногу во Нов Јужен Велс и Викторија.
Ново на Сител
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
