Австралиската полиција за 12 месеци запленила 30 тони дроги

Австралиските власти заплениле повеќе од 30 тони дроги во периодот од 1 јули 2017 до 30 јуни 2018 година, покажуваат статистиките на тамошната полиција.
Според последните податоци објавени во денешен извештај на полицијата, рекордни 30,6 тони дрога се запленети во финансиската 2017-2018 година, што претставува зголемување од 11,3 отсто од претходната година кога биле запленети 27, 4 тони дрога.
Во текот на годината имало 112.827 полициски акции за запленување дрога и 148.363 апсења. Во просек секои 17 минути се запланувал по еден килограм дрога, а на секои четири минути имало по едно апсење.
Амфетамините биле нејчесто запленуваната дрога, со вкупно запленети 11.205 килограми.
На границите на континентот имало 5.096 национални запленувања на кокаин и 17.383 на канабис.
-Проценетата улична вредност на запленетите анфетамини, МДМА, кокаин и хероин изнесува речиси пет милијарди австралиски долари ( 3,3 американски долари). Знаеме дека организираните криминални групи и натаму остваруваат значителни профити од продажбата на илегалните дроги, а цената што се плаќа во Австралија е меѓу највисоките во светот, се наведува во извештајот, пренесува Ксинхуа.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
