Австралиската полиција уапси 15 лица поради внесување на повеќе од еден тон кокаин
Австралиската полиција соопшти дека уапсила 15 лица поради шверц на повеќе од еден тон кокакин од Чиле, чија вредност е проценета на над 250 милиони долари, јави ДПА.
Апсењата се резултат на истрагата на риболовци, која траела повеќе од две и пол години. Тие користеле рибарски бродови за да го пренесат кокаинот од Чиле во Австралија.
Кулминација на тајната операција биле апсењата на Божик на рибниот пазар во Сиднеј.
Полицијата соопшти дека уапсила група, која се обидела да прошверцува 500 килограми кокаин, откако друга пратка од 600 килограми кокаин претходно ова година била пресретната од француската военопоморска флота покрај бреговите на Тахити.
Вкупната вредност на кокаинот изнесувала околу 360 австралиски долари (258,5 милиони америански долари).
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово