Австралиска студентка ја тужи Владата оти не ги открила климатските ризици на обврзниците

Австралиска студентка ја тужи Владата, тврдејќи дека не открила ризици за инвеститорите поврзани со климатските промени при продажба на државни обврзници.
Во тужбата поднесена денеска, 23-годишната Кетлин О’Донел тврди дека купувачите на австралиските државни обврзници треба да бидат свесни за ризиците од климатските промени, што може да и отежнат на Австралија да го врати својот долг.
Портпаролката на австралиското Министерство за финансии изјави дека Владата е свесна за тужбата.
– Адвокатите го разгледуваат прашањето. Што се однесува до судските постапки, Владата нема да коментира, рече портпаролката.
Климатските промени одамна беа „жешко“ прашање во Австралија, а станаа уште поважни по четиримесечните интензивни пожари во големите области на земјата минатото лето, во кои загинаа 33 жители, но и милиони животни.
„Австралија е материјално изложена и ранлива на ризиците од климатските промени“, се наведува во поднесокот на Кетлин О’Донел до Федералниот суд на Австралија во државата Викторија.
Ново на Сител
-

Се очекува Радев да поднесе оставка до Уставниот суд
-

Трамп телефонски разговарал со Руте за Гренланд
-

Европратеници повикуваат на создавање на европски социјални медиуми
-

Променливо облачно со повремен снег
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
