Австралијанците денеска излегуваат на избори, опозициските лабуристи во предност
Австралијанците денеска го избираат составот на новиот парламент и овие избори би можеле да ги вратат опозициските лабуристи на власт, по девет години владеење на конзервативната влада. Последните информации говорат дека изборната трка ќе биде тесна.
Гласачките места беа отворени од 8 часот по локално време, а ќе се затвораат во 18 часот.
Право на глас имаат околу 17,2 милиони државјани кои треба да изберат 151 пратеници во Претставничкиот дом со тригодишен мандат.
Денеска ќе се избираат и 76 претставници во Сенатот,чиј мандат трае шест години.
Партијата или коалицијата која ќе добие најмногу гласови автоматски добива право да формира влада.
Лидерот на опозициските лабуристи, Ентони Албанес, кој во анкетите има мала предност за функцијата иден премиер, ги повика гласачите „да му дадат шанса“.
Актуелниот премиер, конзервативецот Скот Морисон, кој на власт од 2018 година и се кандидира за нов мандат, во последните денови, се чини, ја намали предноста на лабуристите.
Последните две анкети објавени пред изборите, во четвртокот и петокот, на лабуристите им даваат предност од шест отсто.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе