-->
-->
Австралија завршува со програма за прием на 12.000 бегалци од Блискиот исток
-->
Австралија е близу завршување на програмата за преселување на 12.000 бегалци од Сирија и од Ирак, јавија локални медиуми.
Според Канбера, околу 10.000 луѓе најголем дел од Сирија, кои претходно биле сместени во кампови на Блискиот исток веќе пристигнале во Австралија со постојано место на живеење. Останатите 2.000 добиле известувања за одобрени влезни визи.
Плановите на Австралија за прием на 12.000 бегалци од кризниот регион беа објавени од поранешниот премиер Тони Абот во септмеври 2015 година. Австралија освен тоа, секоја година прифаќа над 13.000 луѓе од други држави. Од фискалната 2018-2019 година бројката ќе биде зголемена до 18.750 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево