Австралија продолжува да вакцинира со Астра Зенека
Претставници на австралиското Министерство за здравство потврдија дека земјата ќе ја продолжи програмата за имунизација против Ковид-19 со вакцината на Астра Зенека, откако еден случај на згрутчување на крвта предизвика сомнежи во нејзината безбедност.
Еден човек (44) беше примен во болница во Мелбурн со тромб неколку дена откако ја примил вакцината на Астра Зенека, а австралиските регулаторни тела за здравство на состаноците вчера и денес дискутираат за понатамошните препораки за оваа вакцина.
– Регулаторните тела во моментов не советуваа да престанеме со употребата на вакцината Астра Зенека во Австралија, рече австралискиот заменик министер за здравство Мајкл Кид.
Кид исто така истакна дека случајот на згрутчување на крвта е веројатно поврзан со вакцината, но оти ризиците од сериозни несакани ефекти сè уште се многу мали.
Тој рече дека поради безбедносни причини, здравствените регулаторни тела ќе продолжат да ја следат ситуацијата и оти нивните нови препораки се очекуваат следната недела.
Можни компликации со употребата на вакцината на Астра Зенека може дополнително да ја забават веќе одложената акција за имунизација во Австралија, која најмногу се потпира на оваа вакцина.
Ново на Сител
-
Два нови случаи на Ковид-19 во државава
-
Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ
-
Отворена истражна постапка против лично обезбедување на премиерот, осомничен за „оддавање службена тајна“
-
Осум кандидати за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги претставија нивните кандидатури
-
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети
-
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
-
Мицкоски: Нека е со среќа повисоки пензии