Австралија на удар на два моќни циклони во исто време
Моќниот тропски циклон Тревор го погоди денеска северното крајбрежје на Австралија, носејќи со себе поројни дождови и силен ветер, кој наместа дувал со брзина и до 250 километри на час.
Како што јави Би-Би-Си, во моментот кога Тревор пристигнал до австралискиот брег бил на ниво на ураган од четврта категорија, поради што властите прогласија вонредна состојба во областите кои се очекува да се најдат на удар на циклонот.
Засега нема информации за предизвикани материјални штети и евентуални жртви при налетот на Тревор.
Метеоролозите најавија дека по Тревор, вечерва по локално време западните делови на Австралија ќе бидат погодени од циклонот Вероника.
Австралиските медиуми наведуваат дека ова е втор пат во историјата на Австралија, таа во исто време да биде погодена од два циклони.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа