Свет
28. October 2016 - 8:37

Австралија: Маж запалил возач на автобус во Бризбејн

Возачот на автобус во австралискиот град Бризбејн загина, а најмалку девет лица добиле изгореници од висок степен, како резултат на пожар во превозното средство, пишува „Бризбејн тајмс“. 

Како што е наведено во весникот, неидентификуван маж утрово се качил на една од постојките, и откако автобусот тргнал, тој неочекувано се приближил кон возачот, го полил со запаллива течност и потоа го потпалил. При тоа во превозното сретство избил пожар. 

Лицето на 48-годишна возраст е приведено од страна на полицијата. 

Повредените лица се пренесени во болница.

Претставник на полицијата во Квинсленд изјави дека е започната истрага за случајот, но ја отфрла можноста дека станува збор за терористички напад.