Австралија ќе им овозможи на граѓаните три часа дневно бесплатна соларна енергија

Австралискиот министер за енергетика Крис Бовен најави дека следната година ќе биде активирана програмата за заштеда на енергија, со која на домаќинствата, дури и тие без соларни панели, ќе имаат најмалку три часа бесплатна соларна енергија.
Програмата „Солар шерер“ (Solar Sharer) првично ќе биде воведена во сојузните држави Нов Јужен Велс и Квинсленд.
Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради кои немаат сопствени соларни панели, под услов да имаат паметен броило и да ја приспособат потрошувачката на енергија на средина од денот, кога можат бесплатно да користат електрична енергија или да полнат електрични возила.
– Домаќинствата што ќе успеат да ја приспособат својата потрошувачка на периодите на бесплатна електрична енергија ќе имаат директна корист, без разлика дали имаат соларни панели или не, и без оглед на тоа дали се сопственици или изнајмувачи. Колку повеќе луѓе се приклучуваат на програмата и ја префрлаат својата потрошувачка во тие часови, толку е поголема користа за целиот систем и пониските трошоци за сите корисници на електрична енергија, посочи Бовен.
Во Австралија, околу четири милиони домаќинства веќе имаат соларни панели. Австралија во 2022 година постави цел 82 проценти од електричната енергија да се произведува од обновливи извори до 2030 година, со законски задолжително намалување на емисиите на стакленички гасови за 43 проценти во однос на нивото од 2005 година.
МИА
Ново на Сител
-

Белгиски пратеник говори веќе 26 часа во обид да блокира усвојување на Предлог-закон
-

Средба на кинескиот премиер Ли Чијанг со Путин во Москва
-

Без струја делови од Шуто Оризари, Кисела Вода и Кондово
-

Облачно со локални врнежи од дожд
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
