Свет
31. December 2020 - 17:26

Австралија ја дочека Новата Година со традиционален огномет во Сиднеј

Австралија ја дочека Новата Година со традиционален огномет во Сиднеј, кој, поради епидемиолошките мерки, можеше да се види само на телевизија.

Жителите на Самоа, Кирибати и Нов Зеланд први влегоа во 2021 година, а жителите на Нов Зеланд ја пречекаа со спектакуларен огномет во Окланд.

Во исто време со Нов Зеланд, во 2021 година пристигна во островската држава Фиџи и Антарктикот.