-->
-->
Австралиец казнет со 1.400 евра оти сурфал со змија околу вратот
-->
Во Австралија сурфер е казнет со 1.400 евра бидејќи бил забележан како сурфа сурфа со даска на морските бранови со питон околу вратот, објавија денеска тамошните медиуми.
Видеото од „бестрашниот“ сурфер со змијата на себе, снимено на познатиот австралиски Златен Брег – јужно од Бризбејн, предизвика бурни реакции. Надлежните го казниле престапникот со 2.322 австралиски долари (околу 1.400 евра).
„За да се изнесе питон вон домот, потребна е посебна дозвола“, соопштија властите.
Во Австралија на граѓаните им е дозволено да имаат питон за домашно милениче, но не и да го вадат надвор од живеалитето без соодветен повод и причина, особено не заради сурфање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола