АВРМ: Се соочуваме со постојани смислени напади

Во изминатиов период Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) се соочува со постојани смислени напади од неколку портали и медиуми блиски до опозицијата, со цел да се наруши угледот на институцијата, да се маргинализираат проектите што успешно ги спроведува и резултатите кои се постигнуваат и кои се видливи преку намалување на стапката на невработеност. Денес тоа го стори и портпаротот на СДСМ, Петре Шилегов, на неговата прес-конференција, објавувајќи податоци кои немаат врска со реалноста.
Ова го истакнуваат од АВРМ во реакација на денешната прес-конференција на Шилегов на која обвини дека во Агенцијата работат непријавени работници..
- Во изминатите неколку дена Агенцијата даваше конкретни појаснувања во однос на Ревизорскиот извештај објавен од страна на Државниот завод за ревизија, но секој наш одговор беше дополнително искористуван за погрешно толкување, изменување на фактите и пласирање спинувани информации со намера да се наметне погрешно мислење во јавноста, се вели во реакцијата од АВРМ.
Агенцијата за вработување, се додава, важи за институција која постигнува признати резултати во својата работа и ја соочинуваат професионалци кои одговорно и посветено ги извршуваат своите работни задачи, почитувајќи ја постојната законска регулатива. Од 2007 година успешно ги спроведува Оперативните планови на активни програми и мерки за вработување, кои резултираат со повеќе од 40 илјади вработувања. Само во 2016 реализираме 27 активни мерки за вработување.
- Нашите резултати се очигледни и бележат раст во посредувањето на вработувањето и бројот на новоотворени работни места спроведувајќи ги политиките за вработување на Владата на Република Македонија. Само преку проектот Македонија вработува и поволностите за вработување на млади лица, во изминативе две години реализирани се повеќе 27 илјади вработувања, се потенцира во рекацијата.
Постојаните напади врз Агенцијата во овој период, се додава, нема да не поколебаат и понатаму да ги реализираме своите програмски цели, да излегуваме во пресрет на потребите на невработените лица и работодавачите и да продолжиме со посветена работа која ќе го зголемува угледот на нашата институција.
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
