Аврамопулос: Ќе ја затвориме медитеранската бегалска рута, исто како и балканската

Начинот на кој ја затворивме балканската мигрантска рута, ќе го употребиме и за затворање на централномедитеранската мигрантска рута, изјави денеска еврокомесарот за миграциски прашања Димитрис Аврамопулос.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, оваа рута која води од Африка преку Либија, Италија и Австрија, па се до централна Европа, се очекува летово да биде активна со нов прилив на мигранти, но според Аврамопулос, Брисел сега е поподготвен за разлика од пред две години за справување со овој наплив.
- Она што го направивме со балканската рута, сега очекуваме на сличен начин да го направиме и со другата рута. Ја следиме ситуацијата одблиску и внимателно мониторираме. Можно е бројките на бегалци да се зголемат летово, но сега сме подобро подготвени за разлика од пред две години. Оперативни сме на земја, Грција и Италија се поддржани од наши експерти, што не беше случај пред две години, изјави комесарот Аврамопулос.
Според првиот човек за миграциски прашања на Унијата, започнат е тренингот на либиската крајбрежна стража со цел да им се помогне на властите во земјата да управуваат со своите територијални води. Ова е од причина што за разлика од договорот со Турција, кој доведе до затворање на балканската мигрантска рута, ЕУ нема таков договор со Либија поради внатрешните проблеми во земјата.
Сепак, Аврамопуос порача дека Унијата сега се справува со рутите и во самата Африка, што не беше случај пред две години, а заеднички се бори и против мрежата на криумчари на мигранти.
- Сепак, кога станува збор за бројките на мигранти, можам да кажам дека нема сличност на балканската со централномедитеранската рута, заклучи Димитрис Аврамопулос.
Ново на Сител
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
