Свет
18. February 2016 - 18:25

Аврамопулос: Австрија незаконски воведува лимит за влез на мигранти

Одлуката на Австрија да воведе дневен и годишен лимит за молбите за азил е незаконска, изјави еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос во писмо до министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.

– Таква политика би била несоодветна за обврските на Австрија кои произлегуваат од европското и меѓународното право,на пример Женевската конвенција за статусот на бегалците и Европската конвенција за правата на човекот, нагласува тој.

– Австрија има правна обврска да ја прими секоја молба за азил, која ќе биде дадена на нејзина територија или на нејзина граница, дополнува Аврамопулос.

Од утре Австрија воведува ограничувања – максимум 3.200 мигранти дневно на своја територија и ќе воведе лимит од 80 молби дневно за азил.