АВМУ ќе расправа за прекршочни постапки за Изборниот законик

Предлози за покренување прекршочни постапки поради прекршувања на Изборниот законик се на дневен ред на денешната седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На седницата треба да се одлучува и за предлогот за писмено укажување на ТВ СОНЦЕ Прилеп за прекршување на член 61 од ЗААВМУ (начела за вршење на дејноста).
Во вториот извештај на АВМУ за медиумското известување пред почетокот на изборната кампања, беше констатирано непочитување на професионалните стандарди за вршење на дејноста кај ТВ Сонце. Имено, радиодифузерот за партијата Македонска алијанса издвоил повеќе време во вестите отколку времето за сите други политички субјекти (партии и кандидати) заедно, со што го прекршил член 61 став 1 алинеи 9 и 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – принципите за еднаков третман на различните гледишта и мислења, и за самостојност, независност и одговорност на уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика.
Ново на Сител
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
