Фудбал
26. February 2019 - 9:26

Авионот со кој загина Емилијано Сала не бил лиценциран за комерцијални летови

Британските истражни инспектори за несреќи објавија дека авиопревозникот на  Емилијано Сала не бил  лиценциран за комерцијална употреба од страна на властите, објави Асошиетед прес.

Првичниот извештај на британската служба за истрага на воздухопловни несреќи наведува дека истражните сеуште не се определиле дали може да се класифицира како приватен лет, ако трошоците биле споделени, па правилата за трговските летови не се применуваат.

   Едномоторниот авион, регистриран во САД, се урна во Ламанш за време на лет минатиот месец од францускиот град Нант до Велс, каде Сала се подготвува да започне нова кариера во ФК “Кардиф”, кој е дел од Премиер лигата на Англија.

Телото на Сала беше откриено на дното на морето две недели по несреќата, но другиот човек на   пилотот – сè уште недостасува.

Британската служба за истрага на воздухопловни несреќи истакна дека се “смета дека лиценцата и патниот дневник на пилотот се изгубени со авионот, па рејтингот за лиценците  и нивната валидност, како и степенот на исправност со последните  летања сеуште не се дефинирани”.