Авионот на Меланија Трамп принудно слета поради чад од леталото

Авионот на првата дама на САД, Меланија Трамп, беше принуден да се врати на аеродромот, откако е забележан чад од леталото.
Новинарите присутни во авионот информираа дека причина за чадот бил „механички проблем“.
Како што јави Си-Би-Ес, авионот слетал во воената база од каде што полетал, а првата дама се чувствува добро.
Десет минути по полетувањето авионот почнал да остава трага од чад, а во него се чувствувал мирис на изгорено.
Американските медиуми јавија дека еден од членовите на екипажот пријавил „проблеми со комуникацискиот уред, кој се прегреал“, но Белата куќа не ги потврди овие наводи.
Меланија Трамп отпатува од Вашингтон за Филаделфија, на средба со деца со синдромот на неонатална апстиненција.
Си-Ен-Ен јави дека првата дама на САД подоцна го продолжила патот кон Филаделфија со друг авион.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
