Свет
6. August 2016 - 22:01

Авионот на Ер Алжири безбедно слетал во Алжир

Авион на компанијата „Ер Алжери“ на летот АХ1020 од Алжир кон Марсеј, кој попладнево исчезна од радарите откако претходно побара помош, слетал на меѓународниот аеродром „Уари Бумедијен“ во алжирската престолнина и сите патници се добро.

Раша Тудеј информира дека авионот се соочил со технички проблеми, поради што леталото се вратило во Алжир, каде безбедно бил приземјен.