Авион од Брисел со наши државјани слетал на аеродромот, се чекаат резултати од тестовите
Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на прес-конференција соопшти дека авион од Брисел во кој според информациите има македонски државјани со симптоми слетал на аеродром и во моментот се прави скрининг на сите патници.
Оние кои имаат симптоми ќе бидат однесени на Инфективната клиника за да се тестираат, а останатите ќе чекаат на аеродромот додека не стигнат резултатите на сомнителните патници.
– После тоа во текот на вечервта ќе одлучиме што ќе правиме – дали за дел согласно распоредот на седење ќе биде дадена мерката за домашна самоизолација, или ќе бидат ставени во овие објекти каде ни е организирана изолацијата. Тоа ќе се одлучи кога ќе стигнат резултатите, кога ќе видиме дали тие луѓе се заболени или не. Можеби имаат обичен грип, истакна Филипче.
Во однос на групата македонски државјани кои беа заглавени на границите и се чекаат да се вратат во државата преку граничниот премин Деве Баир, Филипче информираше дека веќе десетина се пристигнати и упатени на место за изолација, а веројатно во вечерните часови ќе пристигнат и останатите
Ново на Сител
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
