Авион на германската Влада ја блокира пистата на аеродром во Берлин
Авион на германската Влада, без патници, принудно слета на берлинскиот аеродром Шенфелд, при што ја блокираше пистата и ги принуди ги надлежните да ги пренасочат сообраќајот.
Германското Воено воздухопловство, кое управува со државната флота, соопшти дека авионот „Бомбардие Глобал 5000“ слетал денеска на аеродромот Шенфелд поради дефект, при што двете негови крила ја допреле пистата по слетувањето.
Операторот на берлинскиот аеродром објави на Твитер дека летовите до Шенфелд се пренасочени поради „неисправен авион” на пистата.
Инцидентот се случи во текот на гужвата поради велигденските патувања. Шенфелд е еден од двата аеродроми од времето на Студената војна, кои го опслужуваат германскиот главен град.Планирано е новиот аеродром да биде отворен следната година.
Ново на Сител
-
„Влен“ неделава треба да се трансформира во партија
-
Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
-
НБА именува тројца кандидати за МВП
-
Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше
-
Конте може да го напушти Наполи: Ми треба почит, не можам да живеам со надеж за чуда
-
Варди за испаѓањето на Лестер од Премиер лигата: Тоа е целосна срамота
-
Натпреварите во Серија А одложени поради смртта на папата Франциск ќе се одржат на 23 април
-
Ленард со 39 поени ги предводеше Клиперс до победата над Денвер