Македонија
5. September 2021 - 10:29

Авганистанчето родено во Македонија ќе се вика Ислам, направени и мекици според македонските обичаи

Првото бебе Авганистанче што се роди во Македонија ќе се вика Ислам oбјави Гласот на Америка на македонски јазик. Машко е, ѝ е тешко 3 килограми и 200 грама. Таа е дел од првата група 149 жители на Авганистан, кој организирани дојдоа во земјата.

Во чест на новороденчето, Црвениот крст, организираше дочек, со цел на овие луѓе да им се покажат и македонските обичаи кога на свет доаѓа ново бебе. Беа направени 200 мекици и поделени за време на пладневниот ручек, помеѓу Авганистанците, кои се сместени во хотелот Белви во Скопје. И мајката и бебето се добри и веќе се заедно во хотелска соба.