Македонија
12. February 2018 - 13:55

Авантуристот Чанг Чунг Јонг го посети Куманово

Триесет и осумгодишниот авантурист  Чанг Чунг Јонг од Тајван, кој многумина го нарекуваат Џеки Чен, и кој со велосипед патува низ светот, денеска го посети Куманово.

Овој физичар, инаку дипломиран електроинжинер посетил 30 држави во Северна и Јужна Америка, Европа, а своето патување го продолжува во соседна Бугарија. Патувањето го почнал од Аљаска, од 2015 година, сакајќи да покаже дека светот е негов дом.

- Обично кампувам на отворено на автобуски полициски станици, на отворено, ретко кога во хотел. Овде ми понудија престој во противпожарната станица. Обично имам позитивно искуство, но ми се случувале и кражби, рече Чанг Чунг Јонг.

Тој се заблагодари на екипата од Противпожарната единица која го примила и му понудила сместување. Посочи дека користи интернет за да може да се дружи со локалното население низ земјите во кои патува.

Патувањето ќе го продолжи во земјите од Азија и Африка под мотото „Оди или умри“. Со оваа авантура планира да заврши во 2020 година, враќајќи се во неговата родна земја

Ново на Сител