Македонија
8. December 2017 - 8:31

Авантуристички туризам во Албанија

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев денеска во Тирана ќе се обрати на првиот национален собир под наслов „Авантуристички туризам во Албанија“. 

Донев ќе учествува на собирот на покана на Министерството за туризам и животна средина на Република Албанија во соработка со Федерацијата за спортови во природа.

На собирот ќе се обратат премиерот на Република Албанија, Еди Рама, министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси, министерката за образование и спорт, Линдита Никола, претставник од Федерацијата за спортови во природа, како и претставници од разни области на туризмот во Албанија и регионот.

Настанот има за цел да ја промовира разновидноста, природата и културата во Албанија.