Бизнис
16. November 2020 - 16:42

АВ: Над 2000 медицински сестри и повеќе од 250 лекари бараат работа

Над 2.300 сестри и доктори се на листата невработени. Според податоците на Агенцијата за вработување заклучно со 31 октомври годинава, како невработени се евидентирани 249 доктори на медицина, 19 специјалисти по општа медицина и еден интернист. Од нив дури 225 се водат како невработени помалку од 11 месеци односно приближно колку што трае корона кризата.

Кај сестрите состојбата е поалармантна. Во евиденција во Агенцијата како невработени се пишани вкупно 2.098 сестри. Од нив 939 се со звање медицински техничар, 873 лица со звање медицински сестри, специјалисти медицински сестри се 21, а дипломирани медицински сестри 63, 4 невработени медицински сестри се специјалисти за интензивна нега. Во услови на здравствена криза која почна во март, 1.214 се невработени помалку од 11 месеци.

Невработеноста кај сестрите трае подолго отколку кај докторите. Ако само 13 доктори по општа медицинина работа чекаат подолго од 2 години. Толку време како невработени се водат над 300 медицински сестри. Во евиденцијата на Агенцијата има уште и 150 невработени бабици.