Аутопсијата врз телата на три жртви од нападот во Идлиб покажала траги од сарин
Турското Министерство за здравство соопшти дека во турскиот град Адана била извршена аутопсија врз телата на три од жртвите во нападот со отровен гас во провинцијата Идлиб, во северозападна Сирија, и дека резултатите покажале присуство на траги од гасот сарин, пренесе турската телевизија НТВ.
Во соопштението се посочува дека во болниците во Хатај и Адана и натаму има 31 настрадано лице од нападот.
Претходно денеска турскиот министер за здравство, Реџеп Акдаг, изјави дека резултатите од аутопсијата направена во Турција врз жртвите од нападот во Идлиб, ќе бидат испратени во Хаг на дополнителни анализи.
Претпоставениот хемиски напад во Сирија во вторникот беше извршен во градот Хан Шејхун, во провинцијата Идлиб, што е под контрола на бунтовниците.
Западот го обвини сирискиот режим дека неговите воено воздухопловни сили во нападот врз градот употребиле хемиско оружје. Дамаск и Русија демантираа. Според нив, отровниот гас истекол од погоден склад на бунтовниците, во кој тие криеле хемиски материи.
Во нападот загинаа над 70 лица. Над 30 настрадани беа пренесени на лекување во Турција, а тројца од нив подоцна им подлегнаа на повредите.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час