-->
-->
Аусилио: Интер нема да го менува Спалети
-->
Спортскиот директор на Интер, Пиеро Аусилио е категоричен дека тренерот Лучано Спалети нема да биде заменет од друг тренер по крајот на сезоната.
– Жозе Мурињо не е сенка за Интер и не сум изненаден од појавата на гласините. Секој сака да каже нешто. Ние сепак работиме многу рационално. Не дејствуваме емоционално. Нашиот проект со Спалети тече веќе година и пол и ќе трае уште долги години. Сунинг е амбициозен и сака Интер да почне да победува повторно. Сопствениците не се задоволени од второ или трето место, изјави Аусилио за „Скај Спорт Италија“.
Тој им порача на навивачите дека раководството на тимот продолжува да работи за да се врати Интер на победничкиот пат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати