„Ауди“ се заби во „Форд Мондео“ кај Кичево - повредени две лица
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на македонските патишта, повредени две лица. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 09:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево после с.Церово се случила сообраќајна незгода помеѓу: патничко моторно возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици управувано од И.Љ. (34) од Тетово, патничко моторно возило „Форд Мондео“ со скопски регистерски таблици сопственост на МВР, управувано од Б.А.(38) и патничко моторно возило „Ауди“ со швајцарски национални ознаки управувано од К.К. (43) од Швајцарија. Во незгодата И.Љ. и Б.А. се здобиле со повреди.
На местото на настанот извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар, а во присуство на припадници на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
