-->
-->
Атрактивни одбојкарки од цела Европа на скопските плажи
-->

Скопје од утре до недела ќе биде домаќин на Сателит турнир од програмата на ЦЕВ во одбојка на плажа.
На натпреварите кои ќе се одржат на Градската плажа „Парк“ на брегот на Вардар учество ќе земат 25 екипи од 16 европски земји.
„ Љубителите на овој спорт ќе можат да ги видат најатрактивните и најдобрите женски одбојкарски двојки во Европа“- изјави техничкиот комесер на ЦЕВ , Бугаринот Тошо Стојанов.
Генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ му се заблагодари на Град Скопје за поддршката од еден милион денари и обезбедувањето на бројни спонзори за успешна организација на овој турнир:
„ Наградниот фонд е 8000 евра но најзначајно е што добивме организација на ваков сателит турнир кој Македонија ќе ја зацврсти на одбојкарската карта за турнири на плажа“ - рече Карановиќ.

Претставникот на Град Скопје, Зоран Шишковски изрази задоволство што овој турнир се одржува по 7-ми пат на оваа локација во Скопје и најави дека размислуваат за организирање во некоја од следните сезони на друга локација како што се бројните плоштади во градот со што би се направил екстра терен со монтажни трибини и ширум би се отвориле портите за добивање организација на Мастерс турнир во одбојка на плажа- рече Шишковски.
Според програмата в четврток од 10 до 18 часот на програмата се квалификации по што 8 двојки ќе им се придружат на носителите и вкупно 16 екипи ќе се натпреваруваат за освојување на првите три места.
Завршните натпревари се в недела кога ќе се играат и натпреварите за 3. и 4 место. Сабота и недела ќе има натпревари и во вечерните термини до 22ч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
