Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез

Атлетико Мадрид ќе поднесе тужба против Барселона во Спортскиот суд поради преговорите со напаѓачот Хулијан Алварез, објави шпанскиот весник „AS“.
- Видовме како Барселона работеше во минатото (трансферот на Антоан Гризман). Тие ветија провизии на неговата сестра, неговото семејство и самиот играч… Сите знаат дека се нечесен клуб, но се соочуваат со клуб кој нема да им дозволи да избегаат од одговорност. Тој клуб е Атлетико Мадрид, цитиран е претставник на Атлетико.
Претходно, Атлетико Мадрид изјави дека Алварез може да се приклучи на Барселона само ако Каталонците ја платат клаузулата за ослободување од 500 милиони евра предвидена во неговиот договор.
Шпанските медиуми информираат за интерес за 26-годишниот Аргентинец од страна на ПСЖ, Арсенал и Реал Мадрид.
Алварез има тековен договор со Атлетико Мадрид до 2030 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.
Во сезоната 2025/26, Алварез одигра 49 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и девет асистенции.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
