Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа синоќа Барселона на гостински терен со 2-1 и со оваа победа се искачија на врвот на шпанската Ла Лига со три бода повеќе и натпревар помалку од каталонскиот тим.
Родриго де Пол (60) и Александар Сорлот (90+6) донесоа пресврт во натпреварот, откако Барселона поведе во 30. минута со голот на Педри.
Каталонците на овој натпревар ги предводеше Маркус Сорг, помошникот на Ханси Флик, кој го пропушти дуелот поради суспензија.
Ова за Барселона е веќе трет последователен пораз на Олимпискиот стадион „Монжуик“, од кој пред Атлетико со три бодови заминаа екипите од долниот дел на табелата. Лас Палмас и Леганес.
Атлетико Мадрид сега води на табелата со 41 бод (18 натпревари) и новата календарска година ќе ја дочека на врвот на табелата. Барселона е второпласирана со 38 бодови (19 натпревари), додека Реал Мадрид е трет со 37 бодови од 17 натпревари, пред денешниот дуел на домашен терен против Севиља.
Ново на Сител
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Тетово - село Гајре и Кула - Катланово
-
Инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш - следува пријава
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина