Фудбал
30. March 2019 - 10:50

Атлетик освои важни бодови кај Џирона

Фудбалерите на Атлетик Билбао беа подобри на гостувањето кај Џирона, славеа со резултат 2-1 во првиот меч од 29 коло во Примера.

Каталонците поведоа со голот на Стуани во 37 минута.

Во второто полувреме улогите се свртеа. Инаки Вилијамс изедначи со погодокот во 53 минута, а целосниот пресврт беше дело на Раул Гарсија кој погоди за 1-2 во 59 минута.

Билбао е 8 на табелата по овој триумф, додека Џирона го зазема 12 место.