Македонија
15. May 2016 - 14:02

Атина загрижена од можен неуспех на договорот ЕУ-Турција

Грчката Влада е загрижена поради можен неуспех на договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците бидејќи според најновите информации таква опасност постои, објави Катимерини.

Весникот цитира владини извори кои предупредуваат дека за разлика од периодот пред Велигден кога и воопшто немало мигранти кои с еобидуваат да влезат во Грција, сега од Турција кон грчки острови има влез на околу стотина мигранти на ден.

Освен „наворешна“ изгледа постои и „внатрешна“ опасност од неуспех на договорот бидејќи Грција се повеќе се колеба да враќа сириски бегалци во Турција сметајќи ја за небезбедна држава, додава весникот.

Досега грчките власти отфрлиле молби за азил на околу сто Сиријци.